„Здрави“ навики што треба да ги заборавиме
11/01/2017

Избегнување на глутен – освен ако немате целијакија, глутенот нема никаков негативен ефект врз вас.

Замена на обичното со бадемово млеко – бадемовото млеко скоро воопшто не содржи протеини, а сите витамини дополнително се додаваат.

 

Јадење само белки од јајца – жолчките не можат значително да влијаат на вашиот холестерол. Доколку нивото на холестерол ви е нормално, можете да јадете цело јајце.

Пиење многу витамин Ц за да се намали настинката – овој витамин помага во зајакнување на имунитетот, но е штетен во преголеми количини. Горната граница за возрасни е 2.000 милиграми на ден. Се повеќе од тоа може да предизвика дијареа, вртоглавица и главоболка.

Диета за детоксикација – сосема непотребна, освен во случај на труење. За детоксикација ги имаме црниот дроб и бубрезите, кои одлично си ја вршат работата.