Зошто често се разболуваме после годишниот одмор?
30/08/2016

За некои враќањето од годишен одмор не е само навикнување на работниот ритам, бидејќи заради летните вирози се приморани да останат дома на боледување.

Доколку и вие самите сте фатиле вироза по враќањето од годишниот одмор, не сте единствени. Лекарите тврдат дека ова воопшто не е невообичаено. Годишниот одмор наместо да не релаксира, често целосно не исцрпува.

Голем фактор е и стресот, бидејќи на одмор сме опуштени, а приближувањето до секојдневната рутина и работата има ефект. Можна е и психолошка реакција заради враќањето на работа и крајот на одморот.

Сепак, пред се станува збор за реален здравствен проблем. На крајот на летото и почетокот на есента, ентеровирозите се често присутни и обично се манифестираат преку зголемена температура која најчесто не фаќа неподготвени.

Постојат различни видови на летни вирози, а освен изразените високи температури, доживуваме и мачнини и цревни вирози.

Експертите предупредуваат дека треба да се избегнуваат антибиотици, освен ако анализите не покажат потреба од истите.

Најчесто симптомите се повлекуваат сами, но се препорачува многу одмор, течности и витамини.

Коментари