
Пролетта е време на нов почеток – деновите стануваат подолги, природата се буди, но и телото се соочува со низа предизвици. По долгата зима, имунитетот често е ослабен, а организмот подложен на вируси, алергии и пролетен замор. Токму затоа, сега е идеалниот момент да му дадеме поддршка на телото – одвнатре. Еден од најмоќните и природни сојузници во тоа се пробиотиците.
Пробиотици – микробиом во функција на имунитетот
Пробиотиците се добри бактерии кои го одржуваат балансот во дигестивниот тракт – централна точка на имуниот систем. Бидејќи дури до 80% од имунитетот се наоѓа во цревата, здрава и балансирана цревна микрофлора значи и посилен организам, подготвен да се справи со сезонски предизвици.
Пролетта е период на зголемена изложеност на полени и алергени, но и на чести температурни промени кои можат да предизвикаат настинки и грип. Поддржувајќи го дигестивниот систем со пробиотици, се овозможува побрза и поефикасна одбрана од овие надворешни влијанија.
Пролетно „ресетирање“ со Баланс+
По зимата, телото има потреба од „ресетирање“ – елиминација на токсини, регулирање на варењето и подобрување на метаболизмот. Баланс+ го олеснува токму тоа, благодарение на својот иновативен состав – комбинација од пробиотските култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB, заедно со пребиотикот олигофруктоза, обединети во комплексот Bifido Digestio. Оваа синергија помага во регенерација на микрофлората и поддршка на телото во транзицијата од зимски во пролетен ритам.
Имунитетот не е сезонски – тој треба континуирана грижа
Иако често се поврзува со есен и зима, зајакнувањето на имунитетот е важно и во пролет, кога телото се прилагодува на нови услови. Пробиотиците овозможуваат долгорочна заштита и рамнотежа во организмот, што ги прави идеален избор за секојдневна поддршка, не само за дигестивниот систем, туку и за општото здравје.
Пролетна свежина со Баланс+
Пролетта е време за освежување и телото го заслужува истото. Со редовна консумација на Баланс+, му давате на вашиот организам природна и докажана поддршка. Подобрете ја вашата виталност, стабилизирајте го варењето и зајакнете го имунитетот, сето тоа со еден едноставен чекор дневно. Вашиот пролетен ритам започнува одвнатре – со Баланс+.