n Алпинист - Balansplus.mk
Алпинист
29/06/2016

Оваа вежба го активира целото тело и го поттикнува да согорува повеќе калории за пократко време. Потребно ви е само малку простор и тежината на сопственото тело.

На овој начин се подобрува и мускулатурата и кардиоваскуларниот систем, флексибилноста на телото, циркулацијата на крв и силата.

Поставете ги рацете на под, директно под градите раздалечени на ниво на рамењата (рацете треба да бидат исправени.

Телото треба да ви формира права линија од рамењата до глуждовите.

Подигнете го десното стапало од подот и полека кревајте го коленото колку што можете поблиску до градите.

Вратете се во почетната позиција и повторете го истото со левата нога.

Продолжете со повторување на целата вежба.

Коментари