n Безглутенска песто пица - Balansplus.mk
Безглутенска песто пица
29/06/2016

Состојки:

  • ЗА ТЕСТО:
  • Цвекло, на кришки и испечено
  • 3 чешниња лук, истно исцекани
  • 30 гр. печени ореви
  • 30 гр. рендан пармезан
  • 1/2 шолја кокосво масло
  • 2 кафени лажички сок од лимон
  • 1 кафена лажичка сол
  • ЗА КОРАТА:
  • 2 1/2 шолји бадемово брашно
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка кокосово масло
  • ДОДАТОЦИ:
  • 2 парчиња моцарела
  • 1/2 шолја козјо сирење
  • 1 шолја спанаќ
  • неколку кришки од цвекло
Припрема:
Загрејте ја рерната на 180°C Исецкајте го цвеклото на коцки, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во загреаната рерна 50 мин. (За кората) Во голем сад измешајте ги бадемовото брашно, јајцата, солта и кокосовото масло. Измешајте ги добро. Во сад за печење пица, ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку кокосово масло. Врз неа истурете ја смесата. Ставете во рерна 10-15 минути, зависно од дебелината на тестото. Кога ќе бидат готови цвеклата извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Ставете ги сите состојки за пестото во блендер, и блендирајте додека да добиете еднаква смеса. Кога тестото ќе биде готово, извадете го од рерна и оставете да се олади. Потоа намачкајте го пестото рамномерно одозгора, оставете место по страните за да има корка. Врз пестото ставете ги листовите спанаќ, па кришките цвекло. Изрендајте ги моцарелата и пармезанот одозгора. Повторно ставете во рерна 15-20 минути. Извадете од рерна, оставете да се олади, потоа исечете на парчиња и уживајте во најздравата пица која некогаш сте ја јаделе!
Коментари