Ден 1
01/02/2018

Појадок:

Направете омлет од 1 јајце и појадувајте со 1 парче интегрален леб и Balans+ од 250гр.
Половина час подоцна изедете 1 грејпфрут и напијте се 1 шолја црно кафе.

Ручек:

Во еден сад додадете пола ситно сечкана краставица, 100 грама мисиркино месо, 1 исечкан домат, 200 грама исечкани моркови и 10 исчистени и исечкани ореви. Зачинете со мешавина 1 лажица маслиново масло и 2 лажици балсамико оцет.

Половина час по ручекот изедете една свежа круша и напијте се шолја зелен чај.

Вечера:

Пропржете на малку маслиново масло брокула (свежа или смрзната) и измешајте ја со претходно пропржено пилешко месо. При крај додадете малку чили сос и четвртина лажица соја сос. Посебно подгответе  порција кафеав ориз. За пијалак напијте се Balans+ од 250гр.

Напијте се 1 шолја билен  чај.