Ден 11
11/02/2018

Појадок

Омлет со тортиљи

Пропржете во сад со поклопец додека не омекнат две лажици исечкана нелута црвена пиперка и кромид. Додадете две изматени јајца и пржете мешајќи додека не добиете омлет кој потоа го делите на два еднакви дела и го ставате на две подгреани пченкарни тортиљи. Врз нив ставате 20 грама исечкана гауда.

Ручек

Салата со спанаќ и фета

Нежно измешајте две чашки млад спанаќ, половина исечкана краставица, едно исечкано тврдо варено јајце, 30 грама истрошено фета сирење и три црни маслинки. Зачинете со една и пол лажица домашно подготвен оцет од босилек.

Една шолја билен чај или вода.

Вечера

Лосос на скара

Ставете на скара 100 грама лосос и печете неколку минути. Сервирајте со два помали варени компири и осум варени парчиња аспарагус. Наросете со една лажица исечкан свеж магдонос и една лажица свежо исцеден сок од лимон.

Една шолја билен чај или вода.