Ден 13
13/02/2018

Појадок

Протеинска палачинка

Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа семки, две белки, малку екстракт од ванила, Баланс+ 250гр., по половина лажица рендана кора од лимон и прашок за печиво и по една лажица овесни снегулки  и матете додека не добиете хомогена смеса. Загрејте тава со малку сончогледово масло и подгответе си протеински палачинки.

1 голема шолја кафе со 50 мл. Light млеко.

Ручек

Пилешка чорба со салата

Сварете на тивок оган 50 грама пилешки гради исечкани на ленти во две шолји пилешки бујон со 5 исечкани млади моркови, една дршка исечкан целер и една лажичка свежо исечкан магдонос. Варете додека пилешките гради и зеленчукот не омекнат. Додадете како прилог на чорбата шолја обарен грашок (може и вариво) и половина исечкан домат.

1 шолја билен чај или вода.

Вечера

Вегетаријански ражнич

Напоредно исечкајте 100 грама цврсти тофу коцки, една тиквичка со средна големина, исечкана на коцкички, 1 бабура со средна големина, исечкана на парчиња и 5 печурки. Сите состојки наредете ги една по друга на стапче за ражнич. Сервирајте со половина шолја сварен интегрален ориз, половина шолја обарен грашок и четвртина шолја исечкани и обарени моркови.

Едно парче диња или друго сезонско овошје.

1 шолја билен чај или вода.