Ден 17
17/02/2018

Појадок

Balans+ и овошје

Измиксајте 250 грама Balans+ со една средна банана, 4 излупени ореви и една лажица мелено ленено семе.

1 голема шолја кафе со 50 мл. Light млеко

Ручек

Мисиркино месо со тестенини

Пропржете 100 грама мисиркини гради заедно со 4 помали, исечкани моркови и половина шолја грашок во половина шолја пилешки бујон додека месото не се испржи, а зеленчукот не омекне. Измешајте со претходно сварени интегрални тестенини по избор и наросете со четвртина зачинети лебни трошки. Пропжете додека тестенините не добијат златна/румена боја.

1 шолја билен чај или вода.

 

Вечера

Сендвич со пилешко на скара

Сервирајте 100 грама пилешко подготвено на скара со едно интегрално лепче за сендвич, два листа марула и две парчиња домат исечкан на кругови. Одозгора наросете со дресинг по желба со ниска масленост.

1 шолја билен чај или вода.

Коментари