n Ден 6 - Balansplus.mk
Ден 6
14/04/2019

Појадок: Протеинска палачинка без брашно

Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа семки, две цели јајца, малку екстракт од ванила, 1 лажица сурутка во прав (опционо) и матете додека добиете хомогена смеса. Пржете на среден оган, на претходно намрсена тефлонска тава со малку путер. Отприлика се добиваат 3-4 палачинки, средна големина. Прелијте со јаворов сируп и малку бобичесто овошје. 1 голема шолја црно кафе

Ручек: Говедски бифтек во бибер со грилован зеленчук

Зачинете 150 грама говедски бифтек со половина лажица издробен црн бибер и пропржете до посакуваниот вкус. На страна грилувајте на лентички исечкани морков, тиквичка и црвена пиперка. Поросете со бибер, хималајска сол, маслиново масло и лимон.

Вечера: Киноа со зеленчук и моцарела

Половина чаша варена или из‘ртена киноа, пола тиквичка, 1 зелена пиперка, 50 g моцарела во вода 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол и зачини по желба.

Подготовка: киноата се вари претходно откисната во вода, зелечкукот настрана се пропржува со кромид и зачини, се соединува се’ и се додава сечканата моцарела. Може и да се потпече. Зачини по вкус.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана