Ден 7
07/02/2018

Појадок

Исечете половина интегрален ѓеврек и на средината премачкајте го со една лажица крем сирење со ниска масленост. Одозгора додадете тенки парчиња сланина  и по две тенко исечкани парчиња краставица и домат.

Во посебен сад изматете една лажица маслиново масло, една лажица исечкан свеж копар и половина лажица црвен вински оцет. Со добиената смеса прелијте ги состојките со кои претходно го премачкавте и зачинивте ѓеврекот.

Со појадокот испијте и еден Balans+ од 250гр.

1 голема шолја кафе со 50 мл. Light млеко

Ручек

Чорба со грав

Во подлабоко тавче искомбинирајте половина шолја бел грав (претходно испран и исцеден), една лажица на коцки исечкан кромид, 5 исечкани на коцки млади моркови и една шолја бујон од зеленчук. Варете додека не добиете вкусна чорба.

Едно парче ‘ржан леб.

Едно средно јаболко.

Една шолја билен чај

Вечера

Вегетаријанска лазања

Една порција домашно подготвени или пак купечки, замрзнати вегетаријански лазањи

Една шолја чај од мајчина душица