Ден 8
08/02/2018

Појадок

„Студени“ житарки

Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Една шолја Light млеко или 250 грама Balans+. Една шолја исечкани јагоди или друго ситно сечкано сезонско овошје.

1 голема шолја кафе со 50 мл. Light млеко

Ручек

Врап со мисирка и кари

Земете една интегрална тортиља и наполнете ја со 70 грама исечкани мисиркини гради. Додадете четвртина чаша изрендани моркови, 2 лажици исечкани црвени нелути пиперки, половина краставица исечкана на ленти и 2 лажици Balans+ кисело млеко измешано со една лажица кари во прав.

Една шолја билен чај или вода.

Вечера

Пикантен ориз со пилешко

Измешајте 200 грама пилешко со една лажица маслиново масло и печете на скара додека добро не се испечат.

Измешајте половина шолја сварен кафеав ориз заедно со 2 лажици исцеден црн грав од конзерва и четвртина лажица лут црвен пипер.

Една чашка брокули варени на пареа и зачинети со една лажица свежо исцеден сок од лимон.

Една шолја билен чај или вода.

Коментари