n Како да го зацврстите имунитетот во летниот период? - Balansplus.mk
Како да го зацврстите имунитетот во летниот период?
28/07/2017

Летната сезона може да биде премногу бурна, исполнета со премногу активности, летни одмори, прослави, фестивали, испити кои можат да му наштетат на вашето тело.

Потребно е да се грижите за вашето тело дури и кога сте постојано во движење, затоа преземете неколку ситни чекори кои ќе го зацврстат вашиот имунитет кој ќе ви помогне да бидете енергични до наесен.

  1. Повеќе и редовно спиење
    Спиењето може да има огромно влијание врз вашето здравје, вклучувајќи го и имунитетот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои немаат доволно спиење се со поголема веројатност да се разболат откако ќе бидат изложени на вирус.
  2. Де-стрес
    Секој знае дека долготрајниот стрес може да има многу негативни ефекти врз вашето тело и за жал, ослабување на вашиот имунолошки систем е еден од нив. Затоа одвојувајте време за себе и за долгопосакуваниот одмор.
  3. Вежбајте
    Луѓето кои вежбаат помалку имаат поголема веројатност да имаат настинка или други вируси. Вежбањето е одличен начин да го подобрите вашиот имунолошки систем.
  4. Хранете се здраво
    Најдобриот начин да го одржите имунолошкиот систем е да јадете добро балансирана храна исполнета со хранливи материи и мулти – витамини.
  5. Останете хидрирани
    Хидрацијата е навистина важна кога сте болни. Флуидите не само што ги транспортираат хранливите материи туку и помагаат во отстранувањето на токсините. Затоа останете хидрирани и пијте доволно течности за време на летните горештини.