n Кога храната значи здравје и лек - Balansplus.mk
Кога храната значи здравје и лек
25/12/2020

Кога станува збор за исхраната и хранење на организмот, не секоја храна снабдува со потребната енергетска вредност што овозможува подобро развивање на организмот и подобра функција на сите биолошки процеси. А дел од храната може да биде дури и штетна за организмот.

Но, постојат и оние супер хранливи намирници коишто покрај што го снабдуваат организмот со потребните нутриенти, обезбедуваат енергија за одвивање на сите биолошки и хемиски процеси, исто така, имаат и друга функција, односно со својот специфичен состав и хранлива вредност придонесуваат за поголемо здравје и за засилување на животните процеси.

Оваа храна, што покрај хранлива обезбедува и здравствена придобивка, се нарекува уште и функционална храна. Нејзината дополнителна функција е во спречувањето болести и поттикнување на здравјето.

Така, функционалната храна дефинирана како храна или прехранбена состојка која покрај традиционалните нутриенти кои ги содржи може да обезбеди и здравствена корист, станува се позначаен дел секојдневната исхрана.

Иако постојат функционални храни од растителни и од животински потекло, храна со здравствени придобивки којашто може лесно да се вметне во секојдневното мени, е сепак функционалната храна од млечни производи.

Функционалната храна од преработени млечни производи содржи состојки кои ги помагаат специфичните функции во организмот, покрај тоа што се хранливи. Пример, јогуртот Баланс+ поради специфичниот состав позитивно влијае на постигнување дигестивна рамнотежа во организмот.

Општо е познато дека дигестивната рамнотежа е исклучително важна и е предуслов за општата здравствена состојба на нашето тело, којашто најдобро ја одржуваат пробиотиците присутни во функционалниот јогурт.

Повеќе докази ја поддржуваат улогата на пробиотиците во намалувањето на ризикот од штетните бактерии да се населат во дигестивниот тракт и цревата, и со тоа спречува организмот да биде нападнат од вируси и настинки.

Она што го издвојува Баланс+ јогуртот од другите млечни производи е тоа што придобивките од неговото позитивно влијание врз процесите на организмот се потврдени со клиничка студија.

Според неа, по само 10 дена редовно консумирање по 500 гр јогурт на ден, се постигнува значително ниво на напредок, а редовното внесување го одржува ова ниво на долг рок.

Сепак, придобивките од пробиотскиот Баланс+ јогурт произлегуваат и од со големото количество на калциум со кој го снабдува организмот а кој е важен нутриент клучен за одржување на густината на коските, нивно зајакнување и спречува појава на остеопороза.

Нема сомнение дека млечните производи се функционални храни. Тие се еден од најдобрите извори на протеини, добри бактерии, калциум, а ферментираните, пробиотски јогурти уште повеќе го потврдуваат значењето на храната за организмот.

Само во вакви случаи и со правилен избор, храната вистински може да биде извор на здравје па дури и да замени лек, а изреката “нека храната биде ваш лек, а лекот ваша храна”, добива реална потврда.

Коментари