n Никогаш не сме презафатени за грижа за забите - Balansplus.mk
Никогаш не сме презафатени за грижа за забите
29/06/2016

Сите сме толку зафатени во текот на денот што понекогаш едноставно забораваме да се грижиме за усната шуплина. Иако ова е разбирливо, фактот што сме зафатени не значи дека треба да го запоставиме оралното здравје.

Кога забораваме да ги измиеме забите, им дозволуваме на бактериите да се размножат што може да доведе до лош здив, кариес и болест на непцата. За да останеме здрави, треба да се грижиме за устата дури и кога мислиме дека немаме време. Луѓето со зафатен животен стил треба да ги запомнат следниве работи:

Пијте многу вода

Пиењето вода ќе ви помогне да ги „измиете“ сите остатоци од храна и бактерии што се собираат во устата. Ова ќе ви го одржи здивот свеж. Секогаш носете си мало шишенце.

Избегнувајте одредена храна и пијалаци

Зашеќерената храна и пијалаци не ви се пријател. Кога ги јадете, бактериите во устата реагираат со шеќерот и ослободуваат киселина која е штетна за забите. Ова доведува до кариес. Исто така, избегнувајте пржена храна со скроб (да, чипс), или задолжително мијте ги забите по јадењето.

Џвакајте мастики без шеќер

Мастиките можат да помогнат во чистењето на забите. Го зголемуваат лачењето на плунка, што помага при измивањето на остатоците од храна кои се собрале на забите.