n Што прават фит луѓето после работа? - Balansplus.mk
Што прават фит луѓето после работа?
28/06/2016

Кога ќе се вратите од работа најлесно е да легнете на кауч пред телевизор и да одмарате, но ние имаме неколку подобри предлози.

Спремете храна за наредниот ден

Кујната не е место каде што јадете веќе приготвена храна. Ако сакате да се храните здраво, клучно е однапред да испланирате што ќе јадете. Така нема да имате потреба да нарачувате брза храна после која ќе се чувствувате тромаво и прејадено.

Прескокнете ги диеталните напитоци

Диеталните напитоци навистина треба да ги исфрлите од менито ако сакате да бидете фит и здрави. Докажано е дека оние кои пијат диетални напитоци имаат трипати повеќе масно ткиво на стомакот за разлика од оние што пијат само вода.

Искористете го слободното време за активност

Ако сакате да бидете во форма не треба да легнете веднаш после работа (мал одмор секогаш е добредојден), туку квалитетно да си го исполните времето – свирете, читајте, прошетајте во природа или зафатете се со некое хоби кое ве опушта.

Не тренирајте секој ден

Нормално дека мора да вежбате ако сакате мускулесто тело, но не секој ден. Деновите за одмор се подеднакво важни како и вежбањето, бидејќи тогаш мускулите се одмараат и формираат. Ако вежбате секој ден ќе ви здосади вежбањето а мускулите нема да ве штедат, па бргу ќе се откажете од оваа здрава навика.

Заспивајте пред 12

Ако не спиете редовно, здравјето (и килограмите) ќе ви страда. Кога сме ненаспани поголеми се шансите да посегнеме по нездрава и калорична храна и помала е веројатноста дека ќе се мотивираме за да отидеме во теретана. Затоа оптимално е да спиете 8 часа и да легнувате пред полноќ.

Коментари