n Сончајте се, но паметно - Balansplus.mk
Сончајте се, но паметно
05/08/2016

Освен пешкир, крема за сончање и шише вода, многумина на плажа носат и чадор за сонце. Но ни овој реквизит нема многу да ве заштити од сонцето, бидејќи УВ зраците поминуваат преку платното. Ако не сакате да се вцрвените како рак, придржувајте се до следниве совети:

Избегнувајте сончање во периодот од 11 до 16 часот. Ако во тоа време сте надвор, побарајте дебела сенка.

Внимавајте на исхраната. Бирајте намирници богати со антиоксиданти и А, С и Е витамини и омега 3 масни киселини, кои го спречуваат сушењето на кожата изложена на сонце. Слободно јадете домати, зелен зеленчук, лубеници, зелка, салати и црно грозје.

Носете посветла облека од природни материјали, а наместо капа со качкет, носете широк шешир.

Мачкајте се со заштитна крема на секои два часа, посебно после пливање и по бришење со пешкир.

Совет плус: тргнете ја кремата за сончање веднаш кога ќе завршите со мачкањето и ставете ја назад во торбата. Ако е изложена на сонце може да ги изгуби заштитните својства.

Коментари