n Утрински навики за полесно слабеење - Balansplus.mk
Утрински навики за полесно слабеење
29/06/2016

За некои од нас најдобриот дел од утрото е енергијата и потенцијалот кои ги чувствуваме на почетокот на денот, но ако не го започнеме на вистинскиот начин, сите тие позитивни нагони бргу можат да исчезнат заедно со доброто расположение.

Фатете малку сонце

Сончевите зраци можат да бидат полезни во борбата против килограмите. Барем така тврди едно истражување објавено во магазинот „Plos One“. Утринската светлина влијае врз нашиот биолошки часовник и дневен ритам, кои се важен дел од регулација на времето кога ни се спие. Утринските зраци содржат и најмногу сина светлина која најмногу влијае врз нашиот дневен ритам. Потребни ни се 20 до 30 минути таква светлина за да ги почувствуваме позитивните ефекти.

Спиење

Ако навечер спиете колку што треба, во текот на денот нема да бидете толку гладни колку што би биле ако сте ненаспани.

Концентрирајте се

Сè додека сте свесни за она што го правите, ќе ви биде полесно да ја контролирате сопствената тежина. Многу е важно плански да ги извршувате работите, бидејќи таквиот пристап го намалува и стресот.

Не одете со автомобил на работа

Луѓето кои одат на работа со велосипед, јавен превоз или пеш имаат помал индекс на телесна тежина за разлика од оние што возат автомобил.

Мора малку да се испотите

Вежбањето никогаш не е лоша идеја. Освен тоа што ќе ви го ојача метаболизмот, вежбањето ќе направи уште многу други позитивни промени во вашиот организам. После утринското вежбање, изедете еден Фит крем јогурт со вкус по желба за да имате уште повеќе енергија во текот на денот.

Спакувајте храна за работа

Наместо на пауза да јадете брза храна или да нарачувате од локалната пекара, направете си оброк од здрави намирници и донесете си го на работа.

Коментари