n За подолг живот, јадете како Јапонците - Balansplus.mk
За подолг живот, јадете како Јапонците
28/06/2016

Не само што овој начин на исхрана ја намалува стапката на смртност за цели 15%, туку и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар, се наведува во истражувањето објавено во British Medical Journal.

Исхраната вклучува „зрнеста храна, зеленчук, овошје, месо, риба, јајца, производи од соја, млечни производи, слатки и алкохолни пијалаци“, иако се наведува дека последниве две треба да се консумираат умерено.

Истражувачите анкетирале 80 илјади луѓе на возраст од 45 до 75 години во Јапонија, каде што просечниот животен век е 87 за жени и 80 за мажи. Биле поставувани прашања за навиките при исхрана и здравјето, еднаш на почетокот на анкетата, по 5 години, и по 10 години.

Потоа ги споредиле индивидуалните навики при исхраната со општите навики во Јапонија и виделе колку се совпаѓаат.

Оние кои се придржувале до генералните навики на исхрана претежно биле жени, пиеле зелен чај и внесувале повеќе калории.

Коментари