n Зошто здравата храна не не заситува? - Balansplus.mk
Зошто здравата храна не не заситува?
28/06/2016

Ако некогаш сте се запрашале зошто здравата храна од супермаркетите не може долго да ве засити, експертите имаат одговор.

Имено, таквата храна претежно е богата со јаглени хидрати, а содржи многу малку маснотии. Токму таа мала количина маснотии во исхраната е една од најголемите грешки кои може да ги направите додека сте на диета.

Зошто?

Затоа што маснотиите му се потребни на организмот за нормално функционирање, а компаниите за здрава храна ги заменуваат со многу нездрава алтернатива – рафиниран шеќер.

Што е решението?

Неколку истражувања покажале дека мастите имаат благотворно дејство врз организмот, како оние од јаткастите плодови, рибата и авокадото – нормално, додека се консумираат во умерени количини.

Најдобро би било токму со овие намирници да го збогатите дневното мени кое треба да се состои од овошје и интегрални житарици.