Гадењето за време на патување е „болест“ која многумина ја доживуваат и заради тоа имаат лош старт на одморот. Но може да се спречи.
Кинетозата создава непријатни мачнини но не претставува долгорочен проблем, ниту остава трајни последици. Се појавува како последица на голем број стимулации на кои е изложен организмот за време на патувањето.
Симптомите се вртоглавица, слабост, ладна пот, бледило, главоболка, мачнина и повраќање. Иако болеста е непријатна и напорна, не е сериозна и може да се спречи.
1. Гледајте далеку пред себе во некоја оддалечена точка на хоризонтот. Возрасните луѓе треба да се возат на предното седиште.
2. Немојте да читате и играте видео игри за време на возењето, а не пуштајте ни филмови.
3. Неопходно е возењето да биде што е можно поудобно и без нагло закочување. Правете паузи – идеално е на секои два до три часа да правите пауза од барем 15 минути.
4. Не тргнувајте на пат со празен стомак, јадете малку сув кекс или банана.
5. Избегнувајте јака и мрсна храна, како и газирани пијалаци непосредно пред патувањето.
6. Не пушете во автомобилот. Внатрешноста на автомобилот треба да биде проветрена. Избегнувајте јаки освежувачи за воздух.
7. Повремено отворајте ги прозорците за да се отстрани мирисот на храна во автомобилот (ако претходно некој јадел во него). Помага и квалитетна клима, но ладењето не смее да биде прејако.
8. Немојте премногу да пиете вода. Ова е важно и за децата. Пијте вода почесто, но во помали количини.
9. Во аптеките можете да најдете лекови кои помагаат со мачнината и ги ублажуваат или спречуваат симптомите.
10. Помагаат и некои природни лекови. Еден од нив е чај од ѓумбир кој се пие два часа пред патувањето.