20 секунди смеење го продолжуваат животот
28/06/2016

Смеата нè штити од многу болести, го продолжува животот и е најсилното оружје против стресот.

А бидејќи секој ден не „ни е денот“, забораваме колку насмевката е важна и лековита. Експертите советуваат да се смееме дури и кога ни е тешко, барем 20 секунди, бидејќи тоа е доволно позитивните ефекти да стигнат до мозокот.

За да ги „развлечеме“ усните и кога не ни е до тоа, ви предлагаме неколку опции.

Легнете, пуштете ја омилената музика и препуштете им се на пријатните звуци со ослободени мисли. Кога телото и главата се опуштени, насмевката сама доаѓа.

Коцка од омиленото чоколадо ќе ви измами насмевка дури и ако не сте многу по благото.

Ако имате партнер, не се оддалечувајте од него кога не сте расположени, туку караниците и напнатоста решете ја со секс. Потоа сигурно ќе имате причина за насмевки.

Истражувања покажале дека љубезноста го подобрува расположението, дури и кога станува збор за најобични гестови, како кажан добар ден, повелете, благодарам, како сте, што правите и слично.