n 5 митови за дремките - Balansplus.mk
5 митови за дремките
29/06/2016

Мит број 1: Дремат само бебињата и мрзливите луѓе

Факт: Кратката дремка има многу позитивно влијание врз готовноста, меморијата, креативноста и продуктивноста.

Мит број 2: Ако дремнам, ќе се разбудам чувствувајќи се уште полошо

Факт: Чувството на поспаност по дремката е вистинско, но не и задолжително. Како ќе се чувствувате по дремката зависи колку долго сте отспале. Идеално е дремката да трае не подолго од половина час.

Мит број 3: Кафе пред дремка ќе ме држи буден

Факт: Верувале или не, многу е ефикасно да дремнете откако сте се напиле кафе. Додека спиете, кофеинот почнува да делува (целосно делува 30 минути по внесувањето во организмот), па така кога ќе се разбудите, ќе бидете најсвежи.

Мит број 4: Дефинитивно не треба да се дреме на работа

Факт: Повеќе познати компании имаат направено специјални простории за попладневни дремки, каде што вработените одмораат и со тоа се и попродуктивни/

Мит број 5: Ќе бидам поефикасен ако ја завршам задачата наместо да трошам време во спиење

Факт: Ако дремнете, големи се шансите да надокнадите за изгубеното време со поголема продуктивност, а задачите ќе ги завршите со поголема леснотија.