![](https://balansplus.mk/wp-content/uploads/2016/12/03f90c878524f715_shutterstock_101124487.jpg.xxxlarge_2x-1200x800.jpg)
Како да вежбате кога надвор е ладно
02/12/2016
Ако обично вежбате надвор, ниските температури може да ве предомислат. Но дадете му шанса на вежбањето и во зимскиот период, со неколку мали прилагодувања.
Пред да излезете надвор, започнете со неколку загревачки вежби – скокајте во место или направете лесен аеробик, за кога ќе излезете надвор веќе да бидете стоплени.
Помага и соодветното облекување – носете слоеви кои може да ги вадите еден по еден како што ви се зголемува телесната темература.
Ако сте љубител на теретани, зимата може навистина да ве премисли – наутро и навечер е студено и темно, а желбата за вежбање се намалува.
Затоа импровизирајте со вежбање дома, набавете справи што може да ги користите внатре и секако, направете го процесот забавен со музика.