5 начини како да останете фокусирани на работното место
26/07/2017

Летните активности, летните одмори и летните собиранки со пријателите можат да бидат  одличен стимуланс за дефокусирање за време на летната сезона.

  1. Искористете ги долгите летни денови
    Сите активности кои сте ги одложувале подолго време, летното време ви дозволува да ги направите без да се дефокусирате и да останете мотивирани во текот на целиот ден.
  1. Направете подолги и поретки паузи
    Заменете ги кратките паузи од по 5 минути и направете помалку, но подолги паузи. Паузата од 25 минути ќе ви дозволи да се опуштите, релаксирате и да ги тргнете на страна сите моментални дистракции.
  1. Направете вистинска пауза за ручек
    Кратката прошетка и изложеноста на сонце можат да ви помогнат и да ви го подобрат расположението кое ќе ви помогне да ги пребродите летните денови.
  1. Кратка „работна“ пауза
    Не секој од нас го поседува луксузот да работи од дома, но доколку ви дозволуваат условите понесете го вашиот мобилен телефон и направете кратка пауза во најблиското кафуле.
  1. Вежбајте и на работа
    Можеби целосна тренинг сесија не е опција, но ситните прошетки или растегнувања ќе ви помогнат да го подобрите држењето на телото, а со тоа и моменталната мотивација која ќе допринесе за пофокусирана активност.