5 причини зошто да му бидете благодарни на пријателот што вежба со вас
29/06/2016

 1. Ќе се појавиш на вежбање

„Доколку знаете дека вашиот пријател е веќе во салата и ве чека за вежбање, нема да го извисите“ вели проф. д-р Томас Планте, кој има изработено голем број студии за моќта на партнерите при вежбањето.

„Најверојатно би го прескокнале тренингот доколку сте имале напорен ден в канцеларија, но доколку знаете дека вашата другарка ја зела опремата за вежбање и ве чека во салата, тогаш ќе се појавите на вежбање заради неа“ потврдува Планте.

2. Ќе вежбш повеќе

Можеш да имаш придобивки од пријателот за вежбање дури и ако физички не се наоѓа до тебе за време на вежбањето. Жените на кои им било кажано дека имаат супер фит-пријателки насекаде во светот, и притоа со виртуелно поврзување можеле да го видат тоа, биле мотивирани да вежбаат двапати повеќе отколку оние што верувале дека вежбаат сами.

3. Добиваш бесплатна терапија

Додека вежбаш со пријатели, покрај тоа што сте фокусирани на физичките вежби, си ги споделувате проблемите и животните приказни. На тој начин се ослободувате од емоционалниот и од физичкиот стрес.

4. Учиш нови трикови

Доколку сметаш дека твоите 30-минутни вежби се веќе здодевни, прашај го твојот пријател што практикува да прави и научи нови трикови кои ќе внесат промена во твојата секојдневна рутина.

 5. Согоруваш повеќе калории

Секако дека можеш да се видиш со твоите пријатели на пијачка, но доколку вежбате заедно, го добивате двојниот бенефит на социјализација и губење калории. Една студија од Велика Британија покажува дека луѓето што вежбаат во пар губат 41 калорија повеќе (по сесија) отколку оние што вежбаат сами.