Балансирана и здрава цревна флора со пробиотски јогурт
12/06/2024

Здравата цревна флора во голема мера е одговорна за целокупното физичко и ментално здравје на човекот. Секојдневната употреба на пробиотик кој е присутен во пробиотскиот јогурт има потенцијални здравствени придобивки како ефикасен, превентивен и терапевтски метод кој помага за подобрување на цревната средина и одржување на балансирана и здрава цревната флора.

Со внесување на добри или корисни бактерии во цревата, пробиотиците можат да помогнат во обновувањето на микробиолошката рамнотежа нарушена од фактори како што се лоша исхрана, стрес, болест или употребата на антибиотици. Оваа микробиолошка рамнотежа е од суштинско значење за промовирање на гастроинтестиналното здравје, намалување на ризикот од дигестивни нарушувања како синдром на нервозно дебело црево и воспалителна болест на цревата и подобрување на функцијата на имунитетот.

Вклучувањето на ферментирани млечни производи, како што е функционалниот т.е. пробиотскиот јогуртот, во дневниот внес на храна е клучно за промовирање на здравјето на дигестивниот систем и зајакнување на имунолошкиот систем. Функционалниот јогурт, збогатен со пробиотици, нуди удобен и вкусен начин за поддршка на одржувањето на хармонична цревна флора. Пробиотиците се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во соодветни количини, даваат здравствени придобивки. Lactobacillus и Bifidobacterium се два вообичаени вида на пробиотици кои се наоѓаат во функционалниот јогурт Баланс+. Освен најкорисните пробиотски бактерии, Баланс+ го содржи и пребиотикот олигофруктоза којшто е храна за пробиотиците и го зголемува и засилува нивното дејство, а со тоа и резултатот од консумирање на јогуртот.

Токму корисните ефекти од консумирањето на Баланс+ врз варењето и дигестивниот систем се докажани со клиничката студија. Оваа студија, нагласувајќи го потенцијалот на јогуротот да ја регулира гастроинтестиналната функција, покажа дека со редовно консумирање на Баланс+ во континуитет од 10 дена по минимум 500 грама дневно, се намалуваат непријатните симптоми на синдром на нервозно дебело црево, го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето.

Коментари