Бенефити од возење велосипед
30/04/2017

Освен што е здраво, возењето велосипед во исто време е и економично 🙂

Истото не’ одржува фит, во форма и не ја загадува околината.

Возењето велосипед е најлесниот начин за достигнување на нашата дневна доза тренинг.

За градење на вашиот кардиоваскуларен систем се препорачува да се вози велосипед најмалку 150 минути неделно. На пример, можете да возите точак до работа и назад, секогаш кога времето го дозволува тоа, а за викенди вашата рута може да биде и малку подолга 😊

Позитивни резултати ќе почувствувате за многу кус период, а вашето тело ќе ви биде благодарно.