Чаша млака посолена вода за здравје
29/06/2016

Посолената вода ги исфрла отровите од телото и го отстранува вишокот бактерии кои се штетни за организмот. Како резултат добивате чиста и нежна кожа, а ги решавате и проблемите со варењето.

Индијците одамна практикуваат пиење млака посолена вода наутро, а трендов конечно доаѓа и на Западот.

Акцентот е на лажичка морска сол која има повеќе позитивни ефекти врз организмот. Нутриционистот Мет Стоун препорачува солена вода бидејќи е богата со минерали, добра за хидратација и детоксикација.

„Посолената вода ги исфрла отровите од телото и ги отстранува бактериите кои му штетат на организмот“, тврди тој.

На ист начин можете да се решите од проблемите со варењето. Млаката вода со морска сол ги поттикнува ензимите кои го забрзуваат варењето, но најважно е да ја пиете секое утро.

Освен тоа, постои теорија дека алкалите во минералните соли помагаат за проблеми со коските, посебно кај пациенти кои имаат остеопороза.

Минералните соли го смируваат и нервниот систем, па ако ве мачи несоница, чаша млака посолена вода може да ви помогне полесно да заспиете.

Коментари