Вежби за баланс
24/03/2017
  1. Стоење на една нога

Оваа вежба можете да ја правите каде и да сте.

Стоејќи на една нога го подобрувате балансот на целото тело. Задржете десетина секунди. Повторете ја вежбата 10-15 пати. Повторете го истото со другата нога.

  1. Прсти до пета

Одржувањето баланс е многу важно, особено кога качувате или слегувате по скали.

Ставете ги нозете една позади друга со што прстите на едната нога скоро да ја допираат петата на другата. Внимателно одете 20 чекори.

  1. Балансирано одење

Подигнете ги рацете во висина на рамениците. Изберете точка во која ќе гледате пред вас и полека движете се во права линија чекор по чекор. Како што одите, свиткајте една нога, задржете 1-2 секунди и продолжете со одење и комбинирање на истото и со другата нога. Одете 20 чекори.

Коментари