n Ден 1 со Баланс+
Ден 1
14/04/2019

Појадок: Топол „фит“ сендвич:

1 варено јајце со две препечени лепчиња интегрален леб, премачкани со тенок слој путер, лист марула и Balans+ 250 g. Шолја црно кафе

Ручек: Интегрални шпагети со шампињони и запечен сусам

Интегрални шпагети количина колку една помала порција 200 g (сварени), 100 g свежи шампињони, 1 лажица сусам, малку замрзната или свежа брокула (по желба), малку свеж магдонос, 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол. Сварените шпагети се мешаат заедно со претходно пропржените печурки и брокула со маслиново масло, се зачинува по вкус.

Ужинка: 1 крушка и шолја билен чај со лимон и рендан ѓумбир

Вечера: Рибина паштета

Подготовка: се блендира претходно сварената риба со магдонос, лимонов сок и ѓумбир. Намачкајте на тиквички или пиперки подготвени на плотна.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана