Ден 11
14/04/2019

Појадок: Омлет со тортиљи

Пропржете во сад со поклопец додека не омекнат две лажици исечкана нелута црвена пиперка и кромид. Додадете две изматени јајца и пржете мешајќи додека не добиете омлет кој потоа го делите на два еднакви дела и го ставате на две подгреани пченкарни тортиљи. Врз нив ставате 20 g исечкана гауда. Со ова испијте 250 g Balans+ јогурт и шолја црно кафе.

Ручек: Салата со спанаќ и фета

Полека измешајте две чашки млад спанаќ, половина исечкана краставица, едно исечкано тврдо варено јајце, 30 g фета сирење и три црни маслинки. Зачинете со една и пол лажица домашно подготвен прелив од лимонов сок, маслиново масло, бибер и сол. Една шолја билен чај или вода.

Ужинка: Едно јаболко наросено со цимет

Вечера: Лосос на скара со аспарагус

Ставете на скара 150 g лосос и печете неколку минути. Сервирајте со осум обарени или грилувани парчиња аспарагус. Наросете со една лажица исечкан свеж магдонос и една лажица свежо исцеден сок од лимон со маслиново масло. Една шолја билен чај или вода.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари