Појадок: Хумус здрави лепчиња
3 кришки интегрален леб, намаз од хумус, одозгора поросете мелено ленено семе, маслинки и една шолја Balans+ јогурт. По појадокот напијте се една шолја црно кафе.
Ручек: Пилешка чорба со салата
Сварете на тивок оган 50 g пилешки гради исечкани на ленти во две шолји пилешки бујон со 5 исечкани млади моркови, една дршка исечкан целер и една лажичка свежо исечкан магдонос. Варете додека пилешките гради и зеленчукот не омекнат. Додадете како прилог на чорбата шолја обарен грашок (може и вариво) и половина исечкан домат. 1 шолја билен чај или вода.
Ужинка: Eден грејпфрут и шолја зелен чај
Вечера: Салата со димен лосос
Во добро измиена и исечкана марула се додава 50 g обарена киноа, 100 g димен лосос и исечкана рукола. Се зачинува со маслиново масло, црн бибер, сол и сок од лимон.
Автор: Александра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана