Ден 16
14/04/2019

Појадок: Сладок манго појадок

Во едно канче кисело млеко Balans+ додадете 3 супени лажици овесни снегулки. Исечкајте на коцкички половина од едно манго со средна големина или 150 g и додадете го. На крај додадете една лажица растопено кокосово масло, какао и цимет. 1 шолја црно кафе.

***Мангото е совршен извор на пребиотски диетни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси како А и Ц кои се одлични за кожата и нашето здравје, па користете го почесто. Во комбинација со пробиотскиот јогурт Balans+ прават совршен спој и се добар избор за дневен препорачан внес на диетни влакна.

Ручек: Говедско со зеленчук

На скара испечете 150 g говедски бифтек и сервирајте го заедно со половина шолја исечкан кромид, блага пиперка и печурки прелиени со две лажици маслиново масло и едно чешне истолчен лук. Додадете двe помали обарени брокули со една лажица исечкан магдонос и наросете со бибер и сол.  1 шолја билен чај или вода

Ужинка: Два реда темно чоколадо со 70% какао и шолја какао.

Вечера: Тиквички на скара премачкани со хумус

Изгрилувајте неколку тркалца тиквичка на грил тава, со малку маслиново масло, сол и лук во прав. Одозгора премачкате ги со хумус и наросете сечкан магдонос. 1 шолја чај од камилица.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана