n Ден 17 - Balansplus.mk
Ден 17
14/04/2019

Појадок: Balans+ и овошје

Измиксајте 250 g Balans+ со една средна банана, 4 излупени ореви и една лажица мелено ленено семе. 1 голема шолја црно кафе

Ручек: Вкусни ќофтиња од наут и зеленчук

150 g наут (киснат во вода преку ноќ), 1 јајце, 1 лажица маслиново масло, ½ тиквица (изрендана и исцедена од водата), малку млад кромид, малку лук, неколку листови магдонос, хималајска сол, црн бибер, оригано и куркума.

Подготовка: Претходно искиснатиот наут од вечер, другиот ден се блендира и се додава изрендата тиквичка и другите состојки, се додаваат зачини по вкус. Се меша се’ убаво и со раце се формираат ќофтиња, се ставаат на хартија за печење и се пече на температура од 200-220 степени околу 10-12 минути и потоа уште 15 минути на 180 степени. Комбинирајте со салата со краставица.

Ужинка: Една круша и шолја билен чај

Вечера: Омлет од белки и зеленчук

Од 2 или 3 белки, 1-2 млади кромитчиња или стар кромид, ½ тиквичка, неколку листови спанаќ, 1 лажица маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба. Најпрво се пропржува кромитчето на маслиново масло, се додава тиквичката сечкана и се пропржува неколку минути додека не омекнат. Потоа се додава спанаќот и се истураат врз нив белките. Зачинете со бибер и сол.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари