n „Здрави“ намирници што и не се толку здрави - Balansplus.mk
„Здрави“ намирници што и не се толку здрави
28/06/2016

Енергетски плочки – овој тип на ужинка најчесто се продава во теретаните и центрите за вежбање, меѓутоа содржат голема количина на шеќер „маскиран“ со различни имиња. Наместо ова, изедете јаболко или морков.

Смути – овошјето е многу здраво, тоа го знаеме сите, меѓутоа кога ќе измешате неколку видови на овошја во кои има овошен шеќер, може да ја преминете дневната препорачана доза и да внесете многу повеќе.

Смрзната здрава храна – сите кои брзаат во купувањето храна која можат набрзина да ја загреат во микробранова печка најчесто купуваат храна на која пишува дека е нискокалорична, но всушност е полна со адитиви.

Коментари