Појадок: Здрава овесна каша
Порција овесни снегулки подготвени со 250 g Balans+ и прелиена со 15 g сечкани ореви, 1 лажица суво грозје и половина лажичка цимет, 1 шолја црно кафе и еден свежо цеден сок од портокал
Ручек: Азиска пилешка супа
Во тенџере на средна температура згответе половина литар супа од зелечнук, 100 g тестенини од хељда, 85 g ситно исечкано варено пилешко месо , половина главица крупно сечкан кромид и пола лажичка мелен лук. 1 шолја зелен чај+ѓумбир
Вечера: Полнети печурки со младо кромитче и маслинки
Десетина поголеми шампињони, младо кромитче, 3-4 зелени маслинки, белка од 1 јајце, 1 лажица маслиново масло, малку сол и црн бибер. Се вади дршката од печурките, се сечка ситно со маслинките и кромидот се пропржува.
Белката се мати настрана со зачини по желба и се соединува смесата и така заедно се полнат печурките. Полнетите шампињони се печат 15-20 минути во загреана рерна на температура од 200 степени.
Автор: Александра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана