Ден 22
14/04/2019

Појадок: Овесни колачиња со банана

Пола шолја овесни снегулки, 1 банана и суво овошје по избор. Се пасира бананата, се додаваат снегулките и се меша во смеса, се додава сувото овошје или може 1 ред темно чоколадо. Се прават во форма на колачи на хартија за печење, печеме 15 минути на 200 степени. 1 голема шолја кафе

Ручек: Тавче со морски плодови

Во еден поголем сад ставете три поголеми, излупени шкампи (може и замрзнати) и 50 g исчистени морски школки и пропржете на тивок оган со една лажица маслиново масло, една лажица исечкан кромид и едно чешне изгмечен лук. Додадете половина чашка зеленчуков бујон, половина исечкан домат и две лажици свежо исцеден сок од лимон. Пржете на посилен оган.

Сервирајте со половина чашка варен интегрален ориз и неколку парчиња на пареа подготвена брокула. 1 шолја билен чај или вода.

Вечера: Салата таратур со оревчиња

Во едно канче Balans+ кисело млеко додаваме една ситно сечкана краставица, ситно сечкани оревчиња, потпечен сусам и лукче во прав. Мешаме и на крај додаваме 1 лажица маслиново масло и сол.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана