Ден 4
14/04/2019

Појадок: Каша од просо со семки и кисело млеко Balans +

Мала шолја просо, кое е киснето во вода од претходната ноќ, се вари околу 15 минути утрото, се додаваат семки како сончоглед, сусам, семки од тиква, 2 супена лажица ленено масло и едно канче кисело млеко Balans+. Шолја црно кафе

Ручек: Пилешко на скара

Пропржете го пилешкото со микс од кромид, лук, изрендан свеж ѓумбир, маслиново масло и сол на повисока температура.

Во друго тавче сварете интегрален ориз (околу 50 g несварен за една порција). Oризот зачинете го со 1 лажичка црн бибер, 2 лажички лук во прав, 1 лажичка кромид во прав и 1 лажичка кари. За крај гриловајте тиквички на скара кратко време на маслиново масло. 1 шолја зелен чај

Ужинка: овошен јогурт од 150 g Balans+ кисело млеко со 50g Сечкани ситно јагоди

Вечера: Oмлет од јајца со зеленук

Се пропржува млад кромид, сечкана тиквичка на коцкички, една зелена пиперка. На крај одозгоре се додаваат сматените јајца. Се зачинува по вкус со сол, бибер и малку маслиново масло.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана