Ден 5
14/04/2019

Појадок: Слатко уживање

На 150 g Balans+ кисело млеко додадете 3 супени лажици овесни снегулки и по половина чашка јаготки и боровинки. Можат да се користат и замрзнати јаготки и боровинки или пак други видови на бобинки, по вкус. Наросете со 2 лажици исечкани бадеми и мелено ленено семе. 1 шолја црно кафе.

Ручек: Полнета пастрмка со кромид

Добро измиено и исчистено парче пастрмка 250 g го полниме во средина со насечкан кромид, магдонос и лук. Полеваме со бело вино и ја покриваме тавата со фолија, па ставаме да се пече на 200 степени околу 40 минути. Сервираме со салата од обарена брокула и карфиол, зачинети со сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер.

Ужинка: Еден портокал и шолја зелен чај.

Вечера: Салата со пилешко на скара

Измешајте во еден сад една лажица маслиново масло, половина лажица балсамико оцет и една лажица ситно исечкан свеж босилек. Добиената смеса помешајте ја со 2 чашки мешан зеленчук за салата (марула, кељ, спанаќ, блитва и сл.), 100 g пилешко на скара, 5 помали моркови и 1 голем исечкан домат. Зачинете со маслиново масло, хималајска сол и бибер. 1 шолја чај од камилица.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана