Појадок: Здрави пица брускети
Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкани печурки, маслинки и босилек. со ова испијте една чаша Balans+ јогурт од 250 g. Шолја црно кафе.
Ручек: Чорба со црвен грав
Во подлабоко тавче искомбинирајте половина шолја црвен грав (претходно испран и исцеден), една лажица на коцки исечкан кромид, 5 исечкани на коцки млади моркови и една шолја бујон од зеленчук. Варете додека не добиете вкусна чорба. Комбинирајте со салата марула, рукола и краставичка. Зачинете со сок од лимон, маслиново масло и сол.
Ужинка: 5 суви сливи и 30 g леблебија
Вечера: Зеленчукова крем супа со печурки и оризова галета
150 g шампињони, 1 китка брокула (околу 50 -100 g), 1 китка карфиол (околу 50 – 100 g), пола тиквичка, околу 300-400 ml вода, 1 лажица маслиново масло, малку магдонос, малку хималајска сол, црн бибер и зачини по желба.
Најпрво се пропржуваат шампињоните со кромитче, се додава водата, се варат околу десетина минути, па се додава зеленчукот, се вари заедно се’ уште 5 минути и потоа се става во блендер да се изедначи смесата. Се зачинува по вкус. Се јаде со една оризова галета.
Автор: Александра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана