n Ден 8 - Balansplus.mk
Ден 8
14/04/2019

Појадок: „Студени“ житарки

Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Balans+ 250 g. Една шолја исечкани јагоди или друго ситно сечкано сезонско овошје. Една голема шолја црно кафе.

Ручек: Печен лосос на скара со ориз од карфиол

Грилувајте едно парче лосос на скара со малку маслиново масло. На страна обарете една помала китка карфиол и ставете го во сецко се’ додека не добиете ситно сечкан карфиол. Зачинете со маслиново масло, црн бибер и сол.

Ужинка: Овошен јогурт од 100 g Balans+ кисело млеко со 30 g смрнати боровинки.

Вечера: Пикантен ориз со пилешко

Измешајте 200 g пилешко со една лажица маслиново масло и печете на скара додека добро не се испече. Измешајте половина шолја сварен кафеав ориз со четвртина лажица лут црвен пипер и малку бибер. Додaдете една чашка брокули варени на пареа и зачинети со една лажица свежо исцеден сок од лимон и маслиново масло. Една шолја билен чај или вода.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана