
Детокс пијалак со лимон и нане
05/12/2016
Направете детоксикација на организмот со природен пијалак кој ќе ве освежи и наполни со енергија!
Состојки:
Припрема:- Флаширана вода - 8 чаши
- Лимон (исцеден сок) - 1
- Лимон (исецкан на кругови) - 2
- Свежo нане - По желба
Наполнете 8 чаши флаширана вода во бокал. Додајте го сокот од лимон (ако сакате појак вкус на лимон можете да исцедите повеќе лимони).
Исечете на кругови два лимони и ставете ги внатре во бокалот заедно со нането. Додадете коцки мраз, за повеќе свежина.
На крај, ставете го бокалот во фрижидер 10-тина минути за вкусовите да се соединат.
Можете да го консумирате наутро или во текот на денот.