n Ден 19 - Balansplus.mk
Ден 19
14/04/2019

Појадок: Брза пица со овесни снегулки

Состојки: 10 лажици мелени овесни снегулки, 2 лажици маслиново масло, малку вода и сол, ½ лажички прашок за печиво. Сето ова се меша и на хартија за печење се размесува како тесто за пица. Се премачкува со путер, доматно пире, сечкани печурки и 100 g рендана моцарела. На крај се наросува со оригано и ситно сечкани маслинки. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Ручек: Интегрален ориз со спанаќ и печурки

Во тава се пропржува 1 ситно сечкана главица кромид со 100 g. Сe додаваат ситно сечкани печурки на кратко, па се додава оризот-една мала шолјичка за кафе. Се пропржува и тој кратко, па се додава 20 ml вода и се вари на тивок оган, покриено со капак.

На страна бланшираме околу 200 g исчистен спанаќ без дршки (во вода што врие со сол, го ставаме спанаќот само 1 минутa, цедиме и плакнеме со ладна вода). Откако е готов оризот тргаме од оган и го додаваме бланшираниот спанаќ, промешуваме добро и зачинуваме со сол и бибер.

Ужинка: Едно јаболко со цимет

Вечера: Брокула салата со фета

Кратко обарени брокули ги ставаме во чинија со сечкана фета сирење 100 g, додаваме оригано, маслиново масло, сол, бибер и 1 лажица мелено ленено семе. Промешуваме добро со сок од лимон.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана