До силен имунитет со Баланс+ Имуно, млеко збогатено со цинк
27/11/2020

Како вистински избор за ладните зимски денови и заканите од настинки и вируси доаѓа новото млеко од Бимилк, Баланс+ Имуно со цинк, за јакнење на имунитетот.

Со својот состав, збогатен со цинк и природна и единствена формула, директно влијае на здравјето и на имунитетот.

Застапениот цинк, кој според здравственото тврдење од EFSA придонесува за нормално функционирање на имунитетот, е во форма цинк – цитрат, што има голема моќ на апсорпција. Така, со една чаша од 300ml Баланс+ Имуно млеко со цинк се задоволуваат 45% од препорачаната дневна доза за цинк.

Со ваквиот состав, млекото збогатено со цинк станува функционално млеко а тоа значи дека покрај основните хранливи состојки, има и дополнителна, здравствена функција, односно зајакнување на имунитетот.

Млекото со цинк е проширување на Баланс+ портфолиото, од кое е дел и неодамна пласираниот функционален јогурт, Баланс+ Имуно, со истакнати нутритивни карактеристики и збогатен со култури кои имаат позитивен ефект за одржување здрав имун систем.

Коментари