Домашен лек против кашлица
29/06/2016

Ако сте болни и имате проблеми со кашлање, обидете се да го подготвите овој природен лек.

Состојки:

  • Лажичка лен во прав
  • Лажичка жалфија
  • 1 лимон исечен на тенки парчиња
  • 250 мл вода
  • 250 грама кафеав шеќер
Припрема:
Во сад сипете вода и додајте го кафеавиот шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот додајте ги останатите состојќи и гответе на тивок оган околу 15 минути. Потоа тргнете ја напивката од оган и ставете ја на ладно. Консумирајте по една лажичка сируп три пати на ден, а остатокот чувајте го во фрижидер.
Коментари