Едноставна медитеранска салата од краставици
13/06/2018
Состојки:
- 2 големи краставици, исечкани
- 1 мал црвен кромид, исечкан
- 1 голем домат, исечкан
- малку свежо цеден лимонов сок со бибер
- малку сол
Припрема:
Кога немате идеја што да јадете, а сакате нешто здраво – оваа салата е вистинскиот избор! Не ви треба многу време за подготовка, само исечете го зеленчукот, ставете го во голем сад и ставете го преливот од лимонов сок и бибер и уживајте во медитеранскиот вкус.