Ефикасни вежби за да ги одморите очите
01/06/2016

Намалете ги негативните ефекти од седење пред компјутер и замарање на очите со следниве вежби.

1. Трепкајте две минути. Оваа вежба помага да ја регулирате крвната циркулација во очите.

2. Кружете со главата додека гледате право. Прво од десно налево, па горе долу. И ова ја зголемува крвната циркулација во очите.

3. Гледајте надесно, а потоа полека налево. Истото правете го во спротивниот правец.

4. Затворете ги очите и опуштете се. Се верува дека темнината ги ојачува фоторецепторните клетки во очите, што помага во одржувањето на добар вид.

5. Цврсто затворете ги очите на 5 секунди, па отворете ги. Повторете 7 пати. Оваа вежба помага да ги одморите очните мускули.

Коментари