Фитнес резолуција што всушност функционира
29/06/2016

Да да, во јануари ветивте дека секој ден ќе одите во теретана. Сега е февруари, ентузијазмот ви е спласнат, и сфаќате дека ви се случува и нешто наречено живот. Па како да истраете во намерата?

Правете го она што сакате – можеби пријателите ве убедиле да се запишете на инсенити фитнес програма која ја мразите. Наместо тоа, одберете програма што вам ви се допаѓа. Не се форсирајте за нешто само затоа што е тренди.

Вежбајте заради правилните причини – вежбањето придонесува за губење на тежината и одржување на истата, но тоа е само една од причините. Треба да сфатите дека физичката активност го подобрува секој аспект од животот – штити од болести, го подобрува расположението, ви го подобрува сонот и ве прави посилни.

Направете план – решивте секој ден да пешачите по 30 минути. Кога? Пред работа, за време на ручек или навечер? Што ќе ви биде потребно? Распределете си го времето ефикасно за да можете да постигнете се што сте наумиле, и не барајте изговори за да не го остварите планираното.

Бидете реални – повеќето луѓе имаат нереални очекувања, посебно кога станува збор за слабеење и оформување на телото. Еден месец во теретана нема да ве претвори во топ модел. Ќе биде потребно да се вложите за да добиете резултати. Стремете се кон прогрес, не кон совршенство.

Побарајте друштво – некој со кој ќе вежбате заедно, или професионален тренер.

Славете ги малите победи – сте биле во теретана 5 дена по ред? Подарете си нова облека за вежбање.