Вежбањето го зголемува протокот на крв и помага за здрава кожа, но ако ги правите овие грешки за косата и кожата, често се случува кожата да ви биде во полоша состојба од претходно.
Користите пудра – дебелиот слој пудра е најлош избор при вежбање. Го блокира себумот и потта во кожата, што може да предизвика акни и исфрлување. Наместо тоа, употребете лесна хидратантна крема или гел пред вежбање.
Ја носите косата во пунџа – со ваква фризура ќе имате потешкотии во вежбите што бараат лежење. Затоа, врзете ја косата во обично опавче или направете плетенка.
Не ја собирате косата – една од најчестите нус-појави при вежбањето е исфрлање на лицето. Тргнете ја косата од лицето за бактериите од неа не се префрлат на нежната кожа додека вежбате. Користете стегачи.
Си го допирате лицето додека вежбате – ова не смеете да го правите посебно ако користите кардио справи или кревате тегови. Опремата во теретаната е чиста но сепак има бактерии кои можат лесно да ви се пренесат на лицето.